Бобан Стефковски и ДПМНЕ се елементарна непогода за Гази Баба
Бобан Стефковски и ДПМНЕ се елементарна непогода за Гази Баба, велат од ЛДП од каде објавија видеа за катастрофалната состојба на инфраструктурата во општината.

– И повторно еден обичен дожд за Гази Баба значи елементарна непогода. Општината предводена од Бобан Стефковски и ВМРО ДПМНЕ потфрли и денес!
На регионалниот пат од Стајковци до Раштак и самите може да се уверите дека не се способни да направат рехабилитација на патот поради градежни активности.
Од она што може да се затекне, региолниот пат Стајковци – Раштак е во прекин и не се сообраќаат возила ниту автобусите на ЈСП.

Тоа значи дека дождот кој започна од утрово ги остави без пат, превоз, дотур на храна и пристапот на брзата помош на населените места Црешево, Смилковци, Виниче, Булачани и Раштак.
Ова претставува тотален дебакал на градоначалникот Бобан и ДПМНЕ!
Ова не е елементарна непогода, туку непогода за општина Гази Баба со владеењето на ваков градоначалник. – велат од ЛДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…