Албанија од увозник, по дождовите, стана извозник на струја
Обилните и интензивни врнежи од дожд овозможија зголемено ниво на вештачките акумулации на каскадата на реката Дрим, а последователно на тоа и зголемено производство на електрична енергија.
Како резултат на тоа, во последните три дена албанската Електрокорпорација – КЕШ од продажба на струја инкасирала над 5 милиони евра.
КЕШ успеа да продаде 52.400 мегавати, со просечна цена од 100 евра за мегават.
Ова доаѓа по период од три месеци, кога земјата на странскиот пазар потроши над 36 милиони евра за набавка на електрична енергија, за задоволување на потребите на потрошувачите.
Албанскиот енергетски систем во сегашната фаза останува зависен од увоз, поради што работи на зголемување на производството, преку изградба на хидроцентралата „Скавица” на реката Дрим, во близина на албанско – македонската граница кај Дебар, како и изграба на соларни панели и паркови на ветерни електрани.
Со овие инвестиции се очекува Албанија да има доволно енергија за себе, па дури и да има корист од продажбата на странскиот пазар, почнувајќи од 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
(Видео) Историска снимка од првата средба на…
Весникот „Македониум“ за првпат објавува драгоцена архивска…
СЕМЕЈСТВОТО АПЕЛИРА ЗА ПОМОШ: 4-годишно дете од…
Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа…
Ваљон Бела и Бекир Халими се прогласени…
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи…
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…