Мандиќ: Се надевам дека Црна Гора ќе биде првата членка на ЕУ
Андрија Мандиќ, претседател на Собранието на Црна Гора, вечерва во Подгорица изјави дека се надева дека Црна Гора ќе биде следната членка на Европската унија и оти дијалогот е клучот за европската иднина на оваа земја.
– На жителите на Црна Гора им е доста од кавги и поделби, треба да се залагаме за консензус во парламентот, рече Мандиќ на прославата на 117 години парламентаризам и порача дека „најубави зборови во парламентарниот живот треба да бидат договор и консензус“.
Претходно претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека Црна Гора не треба да се врзува за рокови, како на пример 2030 година и дека секоја земја ќе стане членка на ЕУ кога ќе ги исполни условите за тоа, без разлика дали е пред или по 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…