Лазаров ќе биде овековечен меѓу легендите на Нант! 

t

Ракометниот клуб Нант слави 70. роденден, поради што на вечерашниот натпревар против Шартр ќе има пригодна свеченост. Во целата програма, централен момент ќе биде откривањето на „Ѕидот на легендите“, на кој свое место има и Кирил Лазаров.

Станува збор за огромна фотографија со седум ракометари, кои клубот ги одбрал како најголеми или најзаслужни во историјата на Нант. Лазаров мина пет сезони во виолетовиот клуб, од 2017 до 2022, период во кој освои пехар во Лига-купот, во Трофејот на шампионите, беше финалист во Лигата на шампионите и во Купот на Франција, а двапати завршуваше на второто место во првенството.

Покрај Лазаров, на „Ѕидот на легендите“ ќе се најдат уште и Бразилецот Бруно Соуза, Шпанецот Алберто Ентрериос, Тунижанецот Махмуд Гарби, Доминик Клајн од Германија и француските ракометари Федери Доле и Рок Фелио, сите поради своите клупски заслуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…