ЗА-ЛУЖНИ, НЕ ЗА ЗЕ-ЛЕНСКИ: Тивка војна се води во Украина, Западот тајно преговара за крај?
И покрај тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е против претседателски избори во март и дека тоа не е допуштено во време на војна, во Украина почна „изборна кампања“. Летоци со пречкртаните букви „Зе“ за Зеленски, а заокружени „За“ за врховниот командант на војската Валериј Залужни се појавија во областа Житомир.
Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни. Се шпекулира дека Залужни ќе биде сменет од својата позиција. Тој бил искаран oд кабинетот на Зеленски за своето интервју во „Економист“ каде рече дека најверојатно нема да има пробив во украинската контраофанзива и дека Украина нема технолошка можност да напредува, освен ако не добие некоја нова технологија.
Истовремено, Ен-Би-Си напиша дека Украина е под притисок тајно да преговара со Русија за крај на војната. Зеленски јавно ја отфрли оваа можност. Тој повтори дека главен услов за завршување на војната е „враќање на територијалниот интегритет, правата и слободите на граѓаните“, а дека „втората фаза од војната е враќање на правдата“, рече тој.
– Меѓутоа, Русија во моментов едноставно не го сака тоа и го замислува светот на свој начин – им рече Зеленски на студентите од Универзитетот „Анахуак Керетаро“.
Зеленски исто така изјави дека Путин нема да застане на Украина во својата окупација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети над два тона сув цвет од…
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…
Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…