Ангелов задоволен, ЦУК пофален во Извештајот на ЕК!
Според извештајот на Европската комисија, Центарот за управување со кризи (ЦУК) успешно го имплементираше проектот за воведување на 112 како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите, посочуваат денеска во соопштение од ЦУК.
Според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, активно се работи на зајакнување и унапредување на бројот 112 со сопствени сили и ресурси но и со аплицирање за нов ЕУ проект за надградба на капацитетите на 112.
Бројот 112, нагласуваат од ЦУК; е достапен за сите граѓани во целата земја.
-Кога и да се соочат со вистински итен случај, каде било во Република Македонија, граѓаните секoгаш можат да се јават на бројот 112, 24 часа на ден, секој ден, секогаш кога се во опасност или им е потребна полициска интервенција, лекарска помош, противпожарна заштита или сакаат да пријават било каква друга опасност која не е итна но го загрозува нивниот живот, здравје или имот, вели во пишана изјава Ангелов.
Во работниот документ на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2023 година, во Поглавјето 27, што се однесува на Животната средина и климатските промени, во делот Цивилна заштита стои дека „Европскиот број за итни повици Е 112 од февруари 2022 година е достапен за сите граѓани во целата држава. Центарот за управување со кризи успешно го имплементираше проектот за воведување на Е 112 како обврска од Законот за управување со кризи и како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари
Трамп го најави T1 – новиот американски…
Во Струмица се одржува Државното првенство во…
Од вчера до 21 јуни во хотелот…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…