Курти: Идејата за размена на територии не е мртва!

t

Косово се соочува со безбедносни закани од странство, особено од Србија, изјави косовскиот премиер Албин Курти на вториот ден од мировниот форум во Париз, додавајќи дека идејата за размена на територии не е мртва, но дека не постои можност таа да биде имплементирани.
Сепак, Курти наведува дека проектот за размена на територии пропаднал.

„Како што Москва е незадоволна од распадот на СССР, Белград не е задоволен од распадот на Југославија, кој самиот го предизвика. Живееме во време кога овој проект за размена на територии пропадна, но идејата не е мртва и тоа често го гледам кога се среќавам или слушам како претседателот на Србија зборува јавно или на состанок во Брисел. Луѓето кои сонуваа за размена на граници неколку години тешко се ослободуваат од носталгијата и незадоволството и учествуваат во решение кое би било демократско и европско. И покрај неуспехот на проектот, идејата постои, но без можност да се реализира. Колку побрзо ги нормализираме односите со де јуре и де факто признавање, толку подобро ќе биде за сите. Велам де факто и де јуре, бидејќи Србија на пример де јуре ја признава Босна и Херцеговина, но не де факто поради Република Српска, а на Косово Србија де факто не признава во многу аспекти, но не де јуре“, рече Курти, нагласувајќи дека идејата за размена на територија постоела во времето кога претседател на Косово бил Хашим Тачи, кого го нарекол авторитарен лидер.

Косовскиот премиер изјави дека ниту една од соседните држави на Србија нема да биде безбедна од тоа додека не влезе во ЕУ.

„Од една страна сакаат да видат поделба на Косово, би сакале територијална компензација за нивните грешки, но тоа не е можно. Од друга страна, сведоци сме на дестабилизирачки напори во Босна, Црна Гора и Косово, соседи на Србија, понекогаш и во Македонија. Соседите на Србија, се додека не се дел од ЕУ, не се безбедни од Србија, а за тоа треба да се погрижи Брисел“, смета Курти.

Курти рече дека на Руската Федерација и се допаѓаат напорите за дестабилизација на Балканот, кои, според него, имаат експанзија во смисла на одвлекување на вниманието од агресијата што Русија ја започна пред две години во Украина.

Тој потсети на настанот во Бањска, наведувајќи дека тоа требало да биде изговор за влезот на српската војска во Косово.

„Пред неполни два месеци имавме напад на терористичка група која од Србија влезе на северот на нашата земја. Убија косовски полицаец и сакаа да предизвикаат голема ескалација за да направат тотален хаос како изговор за влезот на српската војска во Косово“, рече Курти, додавајќи дека повеќето од извршителите на овој терористички чин, како што тој изјавија, се на слобода во Србија.

„Во бегство е и водачот на таа група, Милан Радоичиќ, кој јавно призна дека го водел овој напад, но кој по неколку часа беше уапсен и ослободен.

Курти додаде дека Косово има само една алтернатива, влез во Европската унија и НАТО.

„За безбедноста на нашата земја треба да се справиме со овие групи кои сакаат да бидат како Вагнер кои сакаат да предизвикаат дестабилизација и мораме да се фокусираме на геополитичката ситуација, сакаме да се приклучиме на ЕУ и НАТО“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…