Можно е ЕУ да воведе нови санкции кон Иран поради војната Хамас-Израел

t

Европската унија расправа за зголемување на санкциите кон Иран поради неговата поддршка за Хамас, иако постои голема поделеност меѓу дипломатите на ЕУ околу тоа дали тоа е добра идеја. Во меѓувреме, три големи земји-членки на ЕУ, Германија, Франција и Италија, подготвија планови како дополнително да го санкционираат Хамас, пишува „Политико“ и тврди дека имале увид во нив.

Техеран долго време беше клучен поддржувач на Хамас, кој ги изврши нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.400 израелски граѓани и киднапираа повеќе од 240 луѓе. Иран негира каква било вмешаност во ненадејниот упад на Хамас во Израел.

Што се однесува до Иран, ЕУ минатиот месец одлучи да ги продолжи санкциите поврзани со нуклеарниот договор на земјата.

Од јули, Брисел воведе нов режим на санкции што му забранува на Иран да извезува компоненти што се користат за производство на беспилотни летала.

Сепак, постојат стравувања дека дополнителните санкции против Иран би можеле да ја влошат ситуацијата на Блискиот Исток. Продолжувањето на тие мерки сега предизвикува конфузија во Брисел, според зборовите на тројца дипломати на ЕУ запознаени со дискусиите кои зборувале под услов да останат анонимни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…