Објавено на:

Израел: Ќе помогнеме да се евакуираат бебињата од болниците во Газа

t

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари ги отфрли наводите дека израелската армија ја држи под опсада болницата Ал Шифа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Ние се бориме против терористите кои избраа да се борат во близина на болницата“, рече Хагари.

Тој посочи дека ИДФ постојано им дозволува на пациентите и персоналот во болниците во Газа да преминат во јужниот дел на Појасот Газа.

Хагари изјави дека ИДФ е во комуникација со болницата Ал Шифа и ќе помогне во евакуацијата на бебињата од педијатриското одделение во побезбедна болница.

Претходно, Министерството за здравство на Газа соопшти дека три бебиња во неонаталното одделение на болницата Ал Шифа во северниот дел на Газа починале откако болницата останала без струја, вода и залихи.

Мунир Ал Бурш, кој го предводи Министерството за здравство во Газа, контролирано од Хамас, рече дека лекарите биле принудени да им даваат мануелно вештачко дишење на 36-те бебиња во одделението.

Бурш додаде дека болницата е опкружена од сите четири страни и проценува дека таму моментално се лекуваат 400 луѓе, а околу 20.000 раселени луѓе бараат засолниште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…