(Видео) Лав избегал од циркус близу Рим, луѓето се преплашени

t

Жителите на италијанскиот град Ладисполи во близина на Рим беа повикани да останат дома во саботата, откако лав избега од циркус.

Дивото животно набрзо било лоцирано, а во акцијата се вклучиле сите можни полициски, комунални и други служби, како и работниците на циркусот од кој побегнал лавот.

Алесандро Грандо, градоначалникот на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата му помага на персоналот на циркусот да го бара животното.

Очекувајќи можни тужби, Грандо појасни дека не одобрил присуство на лавовски циркус во градот, но дека нема овластување да го спречи тоа.

Сопствениците на циркусот „Рони Ролер“ од кој лавот избега околу 16 часот, со прст го вперуваат активистите за правата на животните и тврдат дека биле жртви на саботажа.

Како што пренесува „Ла Република“, лавот се уште е опкружен и чека ветеринарите да го успијат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Екстремни десничари маршираа низ Рим, бараат…

Околу три илјади крајнодесничарски активисти од цела…

Државно-црковната делегација од Македонија на чествувањето на…

Државно-црковна делегација на Република Македонија, предводена од…

(Видео) Палестински и израелски мајки на босоног…

Палестински и израелски мајки предводеа босоног марш…

24-часовен штрајк во Рим – прекин на…

Италијанските синдикати „USB“ и „Orsa“ вечерва најавија…

Во Рим отстранет тумор од 800 грама…

Лекарски тим од детската болница „Бамбино Гезу“…