(Фото) Дете во Лисиче оставено облеано во крв, откако куче го искасало – а сопственикот го тргнал и избегал
Дете било искасано од куче на игралиште во Ново Лисиче. Станува збор за домашен миленик, чиј сопственик бил со него во моментот на ужасниот момент. Сепак, наместо да остане со детето и да пружи помош, сопственикот на миленикот заминал. Преку јавен апел, се трага по него.

„Вчера околу 19 и 30 часот, синчето ми беше каснато од жолта ‘акита’ куче, во паркот карши фудбалското игралиште на ФК Аеродром во Ново Лисиче. Кучето било водено на подводник од страна на млад дечко со брада, кој по каснувањето го оставил детето во крв и избегал. Среќа му помогнаа луѓе и го однесоа во болница. Пријавено е во полиција, но ве молам за било каква информација да го најдеме дечкото кој постапил крајно нехумано“, стои во апелот.
Од фотографиите на родителот, се гледа дека детето значително искрварело, што се гледа и од ракавот на дускрот кој го носел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…