(Видео) Напаѓачи претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје

t

Со клоци и боксови, среде работно време напаѓачи влегле во Техномаркет и истепале вработен. Крвничкото претепување е регистрирано на видео надзорот од салонот.

Видеото го објави Курир. Од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат велат дека станува збор за расчистен настан кој се случил на 25 септември годинава.

Полициски службеници од единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности на 25 септември ги лишиле од слобода 25 годишниот Ф.В. и 33 годишниот А.Ф. од Скопје затоа што во продажен објект кај арената ,,Тоше Проески” физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Против нив е поднесена кривична пријава а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…