Објавено на:

Проблеми за Зеленски: На Украина ѝ е потребен претседател како Залужни, тврди украински генерал

t

На Украина ѝ треба претседател со искуство кој ќе ја победи корупцијата, а тоа би можел да биде врховниот командант на украинските трупи Валериј Залужни, изјави генерал-мајорот на вооружените сили на Украина, Дмитриј Марченко.

Потребен ни е претседател кој го има искуството на Шарл де Гол и кој може да ја победи корупцијата во земјата. Најуспешен кандидат за таа функција е Залужни, изјави Марченко за „Канал 5“.

Украинскиот генерал истакна дека многу би сакал врховниот командант на украинските трупи да биде номиниран за претседател и изразил желба да работи со него во истиот тим.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно изјави дека сега не е време за избори во таа земја, туку дека земјата треба „да се концентрира на борбата против окупаторите“.

Сите разбираме дека е воено време, има многу предизвици. Апсолутно е неодговорно толку лесно да се става прашањето за избори меѓу народот, објасни Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метеорит од Марс откри траги од древна…

Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…

Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…

(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…

Повеќе од 15 пожари на отворен простор…

Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…

Украинската влада подготвува нова програма за отворање…

Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…

Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…