Објавено на:

И болницата Ал Кудс во Газа престанала да работи, нема гориво и струја

t

Палестинската „Црвена полумесечина“ (ПРЦС) соопшти дека болницата Ал Кудс, втората по големина во Газа, престанала да работи поради недостиг на гориво, додека израелските сили продолжуваат да ја бомбардираат опколената енклава, пренесува „Ал Џезеира“.

Болницата е оставена да се грижи за себе под постојано израелско бомбардирање, што претставува сериозен ризик за медицинскиот персонал, пациентите и раселените цивили“, се вели во соопштението на организацијата.

Оттаму информираат дека прекинувањето на услугите било поради трошење на расположливото гориво и прекин на електричната енергија.

Медицинскиот персонал прави максимални напори да обезбеди нега на болните и ранетите, дури и прибегнува кон неконвенционални медицински методи во тешки хуманитарни услови и недостиг од медицински материјали, храна и вода“, велат од ПРЦС.

Болницата Ал-Кудс исто како и болницата Ал-Шифа е уште една голема здравствена установа во северна Газа која е затворена за нови пациенти, при што персоналот вели дека израелското бомбардирање и недостигот на гориво и лекови значат дека оние кои веќе се лекуваат може да умрат.

Болниците во северната палестинска енклава се блокирани од израелските сили и едвај можат да се грижат за оние внатре, соопшти медицинскиот персонал. Според нив, секој ден има се повеќе мртви и повредени, а место за повредени има се помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метеорит од Марс откри траги од древна…

Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…

Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…

(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…

Повеќе од 15 пожари на отворен простор…

Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…

Украинската влада подготвува нова програма за отворање…

Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…

Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…