Во заедничка акција на полицијата и националните разузнавачки тимови, во Истанбул е уапсен експерт за бомби на ИСИС
Турските безбедносни сили фатија експерт за бомбашки напади на терористичката група Исламска држава во Истанбул, соопштија денеска безбедносни извори.
„Во заедничка акција, полицијата и турските национални разузнавачки тимови го фатија осомничениот, идентификуван само со иницијалите А.Ј.А. во градската населба Султанбејли“, изјавил анонимен извор за Анадолија.
Тој додаде дека осомничениот бил вклучен во обука на членовите на терористичката група за изработка на експлозиви, кои ги користеле во терористички напади во Сирија и Ирак.
Полицијата заплени пет бомби со СИМ-картички и други уреди за активирање на далечинскиот управувач, како и дигитални пропагандни материјали и организациски документи.
Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи ИСИС за терористичка организација.
Во изминатата деценија терористите на ИСИС извршија најмалку 10 самоубиствени, седум бомбашки и четири вооружени напади во Турција, при што загинаа повеќе од 300 луѓе, а неколку стотици беа повредени, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…