300.000 денари од Општина Карпош за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни
По презентацијата на проектот за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни на територијата на Карпош, која минатата седница пред советниците ја образложија претставниците на здружението „Шепасти ентузијасти“, членовите на Советот на Општина Карпош на последната одржана седница одлучија да ја поддржат иницијативата.
Според иницијативата Општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на оваа идеја.
– Имено, членовите на ова граѓанско здружение кое официјално е регистрирано во 2019 година, со планираните средства кои ќе ги добијат од Општината, ќе изградат дел од прифатилиште со 10 дополнителни боксови за згрижување на уште 50 животни, кое ќе функционира како центар за рехабилитација и хидротерапија, велат од локалната самоуправа на Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе…
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…