Бјелогрлиќ: Десничарите го напаѓаа „Убавите село убаво горат“ дека бил предавнички, но замолчија кога ја видоа гледаноста

t

Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ во интервјуто кај новинарот Александар Станковиќ во емисијата „Во недела во 2“ отворено зборуваше за неговиот критички став кон режимот на Александар Вучиќ, желбата за политичка промена во Србија, нападите кон него низ годините, патот на Србија кон ЕУ, руското влијание во неговата земја, и општествената одговорност на уметниците да ги менуваат нештата.

„Кога излезе филмот ‘Убавите села убаво горат’ во 1996 година, тоа беше катарза. Катарза се случи во Србија. Одмаа започнаа да не напаѓаат овие десничарите дека сме предавници, но кога видоа колкава е гледаноста замолчија“ изјави актерот Драган Бјелогрлиќ.

Тој додаде дека уметниците имаат обврска да зборуваат јавно и за општеството во кое живеат.

„Не мора да зборуваат за политика, но мора да зборуваат за општеството. Не се согласувам со колегите кои сметаат дека, бидејќи се уметници, не треба да се занимаваат со политиката и општеството“ рече Бјелогрлиќ.

Тој додаде дека тоа е обврска на секоја јавна личност, особено на уметниците и луѓето кои со своите дела се обидуваат да ги разбудат луѓето.

Според него, промената во Хрватска по влезот во Европската унија е очигледна и се надева дека и Србија ќеги доживее истите промени по влезот во унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ер трактор се вклучи во гаснењето на…

Големиот пожар што попладнево избувна во близина…

Петнаесет пожари беснеат низ Македонија: За 24…

На ден 22.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Шумските пожари низ Европа откриваат нова опасност:…

Големите пожари и суши што ја погодија…

Како Шведка и Финска ја поместиле границата…

Замислете да изградите куќа и потоа да…

Пожар во семејна куќа во Велес, пожарникарите…

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила…