Курти: Најважно сега е Србија да потпише признавање на Косово
Косовскиот премиер Албин Курти денеска на Виенскиот економски форум посочи дека за воспоставување нормални односи со Србија и за деескалација најважен чекор е Белград да потпише договор за меѓусебно де факто признавање.
Курти посочи дека Косово во моментов нема добри односи со Србија. Тој потсети дека на 27 февруари во Брисел беше постигнат основен договор, кој превидува меѓусебно фактичко признавање, по моделот на двете Германии.
На тоа, нагласи, е додаден анексот за имплементација во март во Охрид и додаде дека Србија одбива да ги потпише двата документи, наведувајќи дека ги прифаќа во концепт, но не и во содржина. Косовскиот премиер тврди дека ситуацијата на терен се влошила поради одбивањето на Србија да ги потпише постигнатите договори.
„Ескалацијата се случи поради непотпишувањето на договорот“, рече тој и додаде дека непотпишувањето испраќа лош сигнал и предизвикува дестабилизација на теренот.
На прашањето каков е потенцијалот на економската соработка со Србија, откако ќе се воспостават добри односи, тој рече дека Србија е „најголемиот сосед на Косово со заедничка граница од 381 километар“.
Сега таа граница е безбедносна закана наместо економска можност“, рече Курти.
Тој рече дека е неопходен поголем притисок врз Белград за потпишување договори, а потоа и европската интеграција на регионот.
„Нашиот регион не може да се интегрира надвор од ЕУ и без ЕУ. Берлинскиот процес е добар за напредок на патот кон ЕУ. Берлинскиот процес може да се интензивира, но потпишувањето на дефакто признавањето е првиот и најважен чекор“, додаде тој.
Курти истакна дека неговата влада успеала за две и пол години на власт да го зголемува буџетот секоја година за две милијарди евра, што на претходниците им биле потребни три години. Тој посочи дека напредокот во борбата против корупцијата, владеењето на правото и човековите права придонесува за зголемување на буџетот, бидејќи граѓаните кога ќе видат дека се води борба против корупцијата плаќаат повеќе даноци. На крајот, тој заклучи дека Владата на Косово го зголемила буџетот за следната година, особено во областа на образованието, здравството, земјоделството и одбраната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…