Арсовска до ДПМНЕ: Имате 500 луѓе по управни и надзорни одбори, секој месец земаат паушали за да блокираат по наредба!
Како ВМРО-ДПМНЕ не е власт во Град Скопје ако има над 500 луѓе од редовите на партијата кои се членови на управни и надзорни одбори и кои секој месец земаат надоместоци за тоа, праша на денепната седница на Советот на Градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.
– Како тоа вие не сте власт во Град Скопје? Вие имате претседател на Совет во Град Скопје, имате 500 претставници во управни и надзорни одбори кои земаат пари од овој град секој месец, како тоа не сте власт? Колку луѓе има кои вие сте ги гласале кои земаат пари од граѓаните? Ако сте опозиција зошто имате претседател на Совет, ако сте опозиција дајте им на луѓето во одборите да дадат оставки. Вашите управни одбори не гласаат да може да функционира ЈСП, луѓето таму се борат за живот, има луѓе таму немаат здравствено осигурување, болни се од канцер, се лечат на Онкологија, а не можат да си покријат основно здравствено осигурување…
И некој тука има образ да зборува… Да се срамите сите! Тој мицковизмот е рак рана на македонското општество, а ќе треба кога ќе дојдат следните избори ќе треба да дојдете тука заедно со мене да кажете што сте сработиле затоа што граѓаните многу добро знаат дека без вашите одлуки градоначалникот не може да спроведе. Ќе дојде денот кога ќе треба бесплатен јавен превоз да гласате, вие ветивте 250 автобуси, не ветив само јас, половина од вашите градоначалници сакаа да кажат дека тие ја работеле програмата, ако е ваша што не ја гласате програмата? – нагласи Арсовска која додаде дека власт во Градот Скопје е ВМРО-ДПМНЕ, а доколку не се чувствува така треба да ги отстрани членовите на управни и надзорни одбори и да дозволи заинтересирани луѓе да бидат избрани на конкурси, наместо со партиски лобирања.
– Вие сте власт во Град Скопје, вие сте причината зошто најголемиот дел од проектите кои досега ќе беа петпати реализирани, не се реализирани, вие сте причината затоа што со 1000 опструкции реализиравме 250 проекти наместо да реализираме 400 проекти затоа што ви се јавува шпицниот градоначалник да излезете од салата да не се гласа враќање на споменикот на Ќосето таму каде што припаѓа. Глумите лажен мицковистички патриотизам, вие сте причината затоа што во овој град на никој не му е подобро сега, затоа што јас како еден човек не можам да направам се што вие блокирате. И тоа им е на сите јасно, ако сакате да не сте власт кажете им на вашите 500 членови на управни и надзорни одбори да си дадат оставки и изберете ги независни и луѓе кои ќе се јават на конкурс. Не можете ем да земате паушали и надоместоци по одбори ем да кажувате дека не сте власт, наглси Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…