Цените во длабоко: Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат и во декември, велат од Владата
Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира.
Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.
Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.
Владата го утврди новиот текст на Предлог на закон за виното, со којшто според предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се прави усогласување со новите правила на ЕУ во областа и се воведуваат нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вински производи).
Предложените решенија се со цел да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и на производите од вино на пазарот на ЕУ, како најголем извозен пазар за македонско вино.
За прв пат лозарите, како што е нагласено од ресорното министерство, добиваат гарантирана цена на винското грозје.
Со новиот Предлог на закон за вино, е предвидено да се утврдува производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15-ти јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно соодветна методологија, предвидено е да ја врши високообразовна или научна институција од областа во земјоделството.
Во делот на Предлогот на законот којшто се однесува на класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив, се предвидени значителни измени, посебно со цел, виното со потекло од Македонија, да биде заштитено на пазарите на ЕУ, уште пред да државава стане земја членка на ЕУ.
Владата, на предлог на Министерството за култура, донесе Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ – Коџаџик, Центар Жупа. Целта на одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошки предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Македонија.
Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), да заврши во 12:00 часот. А, 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.
Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, соопштуваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…