Бујар Османи со остри пораки кон ВМРО-ДПМНЕ зошто не ги поддржуваат уставните измени
И покрај ставот на опозицијата која е против уставните измени, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се уште е оптимист дека постојат шанси тие да се донесат до декември.
Османи вели дека ќе се прават обиди до последен момент да се разубеди опозицијата по однос на ова прашање, а одговорноста доколку ја пропуштиме шансата вели ќе треба да се бара кај ВМРО- ДПМНЕ и пратениците.
-Јас не можам од сега да кажам дека ја пропуштаме шансата, треба да работиме до последниот здив до последниот камен кој е пред нас да ги направиме уставните измени и да фатиме исчекор со оваа шанас, но ако не успееме ќе треба со име и презиме да ги кажеме тие што ја загрозуваат еропската иднина на оваа државата. Зошто сметам дека е така ? Геополитичкиот момент е неповторлив за сериозна брза патека за членство во ЕУ до 2030 и не сум сигурен дека истотот политички моментум ќе биде сочуван и идната година,- Бујар Османи – Министер за надворешни работи.
Османи останува на тврдењето дека внесувањето на Бугарите во Уставот е избор на власта, бидејќи другата опција била да се разговара за историски и идентитетски прашања, наместо како сега за малцинско човековите права.Министерот го осуди последниот провокативен говор на бугарската потпретсеателка Јотова, објавен на веб-страницата на претседателската институција, во кој македонската нација е означена како „таканаречена“.
Засега останува неизвесно дали и кога ќе продолжи собраниската седницата за изгласување на уставните измени. Според власта процесот е почнат, а гласање ќе има кога ќе се создадат услови за тоа, односно ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство.. Доколку тоа не се случи во следните неколку недели, веќе е извесно дека на Самитот во декември нема да има одлука за продолжувањето на преговорите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…