Се скараа министерството за правда и обвинителството на Јовевски
Во врска со мислењето на Министерството за правда за Извештајот за работа на јавните обвинителства во Република Северна Македонија за 2022 година, Министерството за правда Ве известува дека целта на даденото мислење по Извештајот е да се лоцираат слабостите кои се појавуваат во јавнообвинителската организација заради преземање соодветни мерки за нивно надминување.
Согласно воспоставената практика вакви мислења Министерството за правда дава секоја година по годишните извештаи на Јавното обвинителство. Би сакале да истакнеме дека констатираните слабости во постапувањето на јавното обвинителство се веќе содржани во повеќето документи од меѓународните организации, што е и цитирано во мислењето на Министерството за правда.
Во однос на конкретните констатирани слабости, Министерството за правда нагласува дека еден од приоритетите за наредниот период е зголемување на ефикасноста во справувањето со корупцијата и криминалот, а посебно со неговите организирани форми. Во таа насока се и нашите дадени сугестии во мислењето заради преземање конкретни мерки и активности за постигнување на наведените цели.
Би сакале да ја истакнеме досегашната одлична соработка со јавното обвинителство на различни нивоа. Прво, јавните обвинители активно се вклучени во изготвувањето на сите закони во сферата на казненото право и давааат исклучителен придонес за дефинирањето на конкретните законски решенија.
Исто така, Јавното обвинителство активно соработува во реализацијата на бројни проекти со Европската унија и други меѓународни организации во процесот на нашата Евроинтеграција. Овде особено би ги споменале проектите за имплементирање на информатичката технологија во јавното обвинителство, за што Министерството за правда става посебен акцент при нивното приоритизирање и реализација. Соработката на Министерството за правда со Јавното обвинителство е на исклучително високо ниво и во постапките за меѓународна правна помош по кои секојдневно постапува Секторот за меѓународна правна помош во рамките на Министерството за правда.
Со надминувањето на предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство, а кои се нотирани како сугестии во нашето мислење по Годишниот извештај за нивната работа, ќе се постигнат зацртаните цели за зајакнување на самостојноста на јавното обвинителство и зголемувањето на ефикасноста во нивното постапување, особено преку забрзување на водењето на истражните постапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…