Објавено на:

Грета Тунберг се изјасни за невина пред британскиот суд

t

Активистката за климата Грета Тунберг денеска пред британскиот суд се изјасни за невина за нарушување на јавниот ред и мир минатиот месец кога беше уапсена на протест за климата во Лондон.

Полицијата ја приведе 20-годишната Тунберг на 17 октомври, откако таа и десетици демонстранти го блокираа влезот во хотелот каде што се одржуваше Конференција за нафта и гас.

Тунберг денеска пред судот го кажа само името и датумот на раѓање, а судот го закажа првото рочиште на 1 февруари во Вестминстерскиот суд во Лондон. Тунберг се товари за нарушување на јавниот ред и мир и непочитување на условите поставени од полицијата за да спречи „сериозно нарушување на работата на заедницата, гостите на хотелот и хотелот“.

Лондонската полиција ја обвини на 18 октомври и ја ослободи со кауција. Доколку биде прогласена за виновна, Тунберг се соочува со парична казна до 2.500 британски фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 години затвор и хемиска кастрација за…

Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…

Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…

Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…

Следната недела Лондон ќе биде домаќин на…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин…

Паркинг место во Лондон се продава за…

Паркинг место во елитниот дел на Западен…