(Видео) И Вучиќ прави палачинки: Се подготвувам за утрешниот саем на вино
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави и хумористично видео на Инстаграм и ТикТок за тоа како се подготвува за настанот, односно како тој и готвачите се обидуваат да направат палачинки за утрешните гости.
„Ова е мој обид да се подготвам за пречек на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но сигурно сум среќен“, изјави Вучиќ.
Овогодинешниот саем за вино, кој ќе се одржи од 16 до 19 ноември, ќе собере околу 450 посетители од 48 земји во светот – претставници на дистрибутери, увозници, синџири на големо и мало, како и клиенти од секторот HORECA и продажни агенти.
Саемот ќе собере повеќе од 600 излагачи, од кои 310 од земјите членки на Отворен Балкан, 219 од Србија, 66 од Македонија, 25 од Албанија и меѓу 305 и 310 од други земји во регионот и светот,објави Телеграф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…