ЕКСПЛОЗИЈА ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА!

t

Во близина на центарот за регистрација на возила во северниот дел на Косовска Митровица во текот на изминатата ноќ била активирана експлозивна направа, чие детонирање предизвикало материјална штета на објектите.


Жителите на околните згради рекле дека ги разбудила силата на детонацијата, а подоцна забележале оштетување на прозорците, најверојатно предизвикано од шрапнели, пренесува РТС.
Детонацијата за медиумите ја потврди и заменик командирот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, додавајќи дека полициска патрола го утврдила местото на настанот и дека најверојатно се работи за рачна бомба.


Во центарот за регистрација на возила во Митровица од први декември извршени се 1.860 контроли за пренос на возила од српски на локални „РКС“ таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…