„Пелистер е како стар Мерцедес – со гуми од пред две години!” 

t

Македонскиот првак Пелистер го доживеа и седмиот пораз во Лигата на шампионите и остана закован на дното во својата група, без реални изгледи да се мрдне оттаму.

И покрај големите вложувања, битолчани се способни да одиграат квалитетно само едно полувреме и поголемиот дел од натпреварите ги загубија поради лоша игра во вториот дел, како што беше и вечерва против Пик Сегед. Веројатно тоа беше алузијата на дел од изјавата на тренерот Бранко Ангеловски по вечерашниот натпревар во Сегедин.

„Одлично го одигравме првото полувреме, но лошо го почнавме второто. Противникот се разбуди во продолжение, публиката, квалитетот на играчите, клупата на Сегед… сето тоа се издигна над нас, а имавме голем проблем и со Роланд Миклер кого не можевме да го соцладаме.

Сè уште сме многу нов тим во Лигата на шампионите, мора да научиме и да се навикнеме на оваа серија. Пелистер во овој момент е како тим од Формула 1 со мотор од Ферари, но стар три години или стар Мерцедес со гуми од пред две години“, рече Ангеловски.

И Урош Борзаш имаше комплименти за домашната екипа, особено за голманот Миклер кој беше несовладлив во важни моменти.

„Секогаш е прекрасно да се игра овде, ова е еден од најдобрите терени во Европа. Во близина живее и моето семејство, секогаш уживам да доаѓам во овој град. Во првото полувреме ги следиме тактичките совети од тренерот, но во вториот дел залудно го правевме тоа бидејќи Миклер блескаше и не можевме да го совладаме“, рече Борзаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…