Фер-плејот е жив: Синер го победи Руне и му помогна на Ѓоковиќ
Италијанскиот тенисер Јаник Синер со максимален ефект ја заврши групната фаза од Мастерсот во Торино откако во последниот меч го совлада Холгер Руне со 2-1 (6-2, 5-7, 6-4).
Со тоа, не само што освои нови бодови на своето конто, туку ги доби симпатиите на сите искрени спортски љубители затоа што победи, наспроти шпекулациите дека ќе загуби и со тоа ќе придонесе за елиминација на Новак Ѓоковиќ. Со триумф на Руне денеска, во полуфиналето ќе се пласираа тој и Синер, а Ѓоковиќ ќе мораше да патува дома. Вака, Руне се пакува, а Синер и Ѓоковиќ го продолжуваат својот настап на последниот турнир од сезоната.
Изгледаше дека италијанскиот тенисер многу лесно ќе дојде до триумфот по фуризниот почетокот и водство од 4-0 во првиот сет. Руне не успеа да направи ништо посебно, па Синер лесно дојде до предност од 1-0 во сетови. На стартот од вториот сет, домашниот тенисер се пожали на болки во грбот, но продолжи да игра. Руне го искористи тоа за да израмни на 1-1, но кога се чинеше дека е подготвен за пресврт и победа на овој меч, Синер ги извади последните сили и триумфираше и во третиот натпревар.
Клучен беше деветтиот гем во кој на сервис на Руне, Синер поведе со 40-0, но ја искористи дури третата брејк-топка. Во следниот гем, Италијанецот не дозволи изненадување и рутински ја доврши работата. Своите противници во полуфиналето, Синер и Ѓоковиќ ќе ги добијат по утрешните натпревари од другата група каде се среќаваат Алкараз и Медведев, односно Рубљев и Зверев.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…
Националната комисија за учебници одлучи да повлече…
27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…
27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…
На 25 октомври започнува зимското сметање на…
Зимското сметање на времето годинава започнува на…
Папата Лав XIV денеска излегува од болница…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…
Контрадикторни изјави во Бугарија за Ива: „Легално“…
Наспроти тврдењето на бегалката од македонската правда…