Град Скопје додели пет електрични скутери за лица со телесна попреченост
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставниците на здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје додели 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставниците на здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје додели 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост, во рамките на проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“.

– Подобрувањето на условите за живот на лицата со попреченост е еден од нашите програмски приоритети и континуирано даваме поддршка на активности за остварување на оваа цел. Со реализацијата на нашите проекти се подобрува квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите – истакна Арсовска.
Проектот „Мобилна личност – успешна индивидуа“, поддржан од Град Скопје согласно програмата за активностите од областа на социјалната заштита е дел од континуираните заложби на градот, а во рамки на досегашните проекти се доделија и додатоци на електромоторен погон за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…