Спасовски: Да се создаде законска можност лицата кои се на црната листа на САД да не можат да учествуваат во јавни набавки

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, очекува да се создаде законска можност за компаниите на лицата кои што се наоѓаат на Црната листа на САД, да не можат да учествуваат на јавните набавки во кои ќе се исплаќаат јавни или државни пари.

По денешниот увид во изградбата на новиот објект на Полициската станица во Аеродром, министерот Спасовски изјави дека одлуката на црната листа на САД да се стават рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, како и Ратка Камчева, мајката на бизнисменот Орце Камчев, кој беше ставен на оваа листа во јули годинава, е очекувана, а преку дискусија, како што рече, ќе мора да се воведат и некакви нормативни мерки коишто практично ќе ги тангираат ваквите лица.

„Прво, ова е очекувано. Јас очекувам дека и други лица коишто се занимаваат со криминал, коишто не допринесуваат за борбата против корупцијата, оние коишто се судени, се водени постапки, одлежале казни затвор, коишто направиле огромно богатство на територијата на државата, нормално дека на секој можен начин треба да се санкционира“, рече министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…