24-годишната разлика и осудата не биле проблем: Брижит Макрон признала зошто чекала една деценија за да му каже „да“ на Макрон
Сопругата на Емануел Макрон, претседателот на Франција, го засакала во време кога тој бил тинејџер и нејзин ученик, а продолжиле да ја одржуваат врската и откако тој бил испратен во Париз од страна на неговите родители, за да го раздвојат од неа.
Првата дама на Франција Брижит Макрон дала интервју во кое првпат детално и отворено говорела за почетокот на љубовта со Емануел Макрон, актуелниот француски претседател.
Како што признала, се надевала дека ќе се заљуби во некој на негови години во времето кога нејзиното срце му припаднало на Макрон, тинејџер и ученик во католичкото училиште во кое таа предавала, школскиот другар на нејзината ќерка.
Да ве потсетиме, тој имал 15 години кога се заљубил во тогаш 39-годишната, наставничката Брижит, а неговите родители одредено време биле убедени дека тој е во врска со Лоренс, ќерката на Брижит. Потоа од семеен пријател ја слушнале вистината, дека нивното дете е опседнато со мајката на Лоренс.
Шокирани поради аферата, родителите на Макрон го испишале од училиштето и го испратиле во интернат во Париз, а Брижит во признание за „Paris Match“ вели дека била сигурна дека Макрон ќе продолжи понатаму кога таа ќе му биде подалеку од очите.
„Емануел мораше да оди во Париз. Си реков дека тој ќе се вљуби во некој на свои години. Тоа не се случи“, изјавила првата дама на Франција.
Во меѓувреме, Брижит се развела, Макрон созреал и тие се венчале во 2007 година без оглед на разликата во годините која изнесува 24 години. Наводно политичарот на нејзините деца на кои им станал очув на само 29 години на свадбата им рекол:
„Ви благодарам што нѐ прифаќате, ние не сме баш нормален пар“.
Како што признала Брижит, поради децата чекала 10 години да му каже „да“ на Емануел.
„Чекав затоа што не сакав да им ги уништам животите. Тоа траеше 10 години. Можете да замислите што сѐ слушаа тоа време. Но, не сакав да го пропуштам сопствениот живот“, вели Брижит.
Како што признала, Емануел ја освоил со интелектот и денес непрекинато ја изненадува:
„Никогаш не сум видела таква меморија, таков интелектуален капацитет. Имав многу брилијантни ученици, но никој ја немаше неговата способност. Секогаш му се восхитував“, заклучила таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…