Истражувањето потврди: Овој појадок го намалува ризикот од срцев удар

t

Физичката неактивност, лошите навики како јадење мрсна храна, алкохол и цигари, во голема мера му штетат на срцето.

Поради тоа се чини дека не е секогаш лесно да се грижите за него. Меѓутоа, како и во поголем дел од случаите кога станува збор за здравјето, некои мали навики можат значајно да ја подобрат ситуацијата, па да го намалат ризикот од срцев удар.

„Едно јајце на организмот му дава сила“, е позната изрека, но се докажало дека подобро е да јадете јаткасти плодови за појадок.

Замената на јајцата со 25 до 28 грама јаткасти плодови може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 17 отсто, во кој спаѓа и ризикот од срцев удар, заклучиле истражувачите.

Научен преглед бил направен во магазинот „BMC medicine“, открил дека нема корист од замената на риба и морски плодови со растителни опции и дека нема докази дека замената на млечните производи може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Замената на јајца со јаткасти плодови или цели житарици, резултирала со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

Луѓето кои по 50 грама преработено месо замениле со иста количина мешунки, како леќа, грав, имале 23 отсто помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Нивниот ризик бил 27 отсто помал доколку јаделе 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.

Покрај тоа замената на преработеното месо, јајцата, сирењето, путерот или јогуртот со авокадо било поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Меѓутоа, авторите предупредиле дека податоците се основани на резултатите на само едно истражување.

„Многу од луѓето го започнуваат денот со јајце или преработено месо за појадок, но резултатите на оваа анализа покажуваат дека можеби би било подобро да се заменат овие намирници со растителна храна. Исто така постојат докази дека луѓето би можеле да имаат корист од замената на живинско месо со растителна храна“, изјавила д-р Сабрина Шлезингер од Германскиот центар за истражување на дијабетес.

Резултатите покажале дека замената на путерот со маслиново масло може исто така да го намали ризокот од кардиоваскуларни болести за четири отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Инфомакс на лице место во Ченто…

Вечерва имаше пукање во Ченто во Скопје…

ЕКСКЛУЗИВНО: ПУКАЊЕ ВЕЧЕРВА ВО ЧЕНТО, ЕДНО ЛИЦЕ…

Пукање вечерва ги потресе жителите на Ченто,…

(Видео) ПОТОП ВО ЦРНА ГОРА: Туристите „пливаат“…

Црна Гора се соочи со силно невреме…

СЕ УКИНУВА ВТОРАТА СМЕНА? Од први септември…

Од први септември 124 основни и средни…

(Видео) Ангелов: Засега можеме да здивнеме

Благодарение на дождот што вчера во попладневните…