Во вчерашниот судир меѓу патнички и товарен воз во Србија, повредени се повеќе од 50 луѓе

t

Во судир меѓу патнички и товарен воз во северниот дел од Србија се повредени 52 лица, јавува Радио-телевизија Србија. Железничката несреќа се случила вчера вечер, која патничкиот воз налетал на товарен воз на отворена пруга меѓу Оџаци и Ратково. Меѓу повредените, три лица се задржани во болница, а најтешко повреден е машиновозачот на патничкиот воз.

Железничка комисија за истрага на вонредни настани ќе работи на откривање на причините за несреќата, но првичните информации се дека човечка грешка е причината за судирот на двата воза. Двата воза сообраќале од Нови Сад кон Богоево.

Радио-телевизија Србија известува дека на овој дел од пругата патничките возови се движат со брзина од околу 100 километри на час. Машиновозачот на патничкиот воз навреме го забележал товарниот воз што се наоѓа на пругата пред него и веднаш почнал да кочи. Доколку бил со полна брзина, железничката несреќа ќе имала многу повеќе жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…