(Вознемирувачко видео) Гром усмртил млада мајка на плажа, снимен моментот на трагедијата
Драматична сцена се случила на плажа во Картагена, Колумбија, кога една надзорна камера го снимила моментот кога гром погодува и усмртува една млада мајка.
Како што пренесува „Daily Mail“, мајката од Венецуела, Флоиланис Ривас (34) во вторникот починала поради удар од гром.
Снимката од надзорната камера која е споделена на „X“ ја прикажува жената како веднаш паѓа на земја по ударот. Другиот посетител на плажата кој одел покрај неа паднал, но успеал да стане и да побегне.
Неколку луѓе дотрчале до местото на несреќата, но не се осудиле да ѝ пријдат поради страв од струен удар. Болничарите ја одвеле жената во болница, каде по 45-минутниот обид за реанимација била прогласена за мртва.
Како причина за смртта бил наведен срцев застој.
Woman struck by #lightning in #Cartagena, #Colombia. pic.twitter.com/H9zZYl6FbA
— TruthForEarth (@TruthForEarth) November 16, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…