Расте руското влијание на Балканот, предупредува летонскиот претседател
Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичиќ смета дека неуспехот на Европа да го интегрира Западен Балкан го зголемува влијанието на Русија во регионот, пренесува Блумберг.
„Многу јасно им кажавме на земјите кои сакаат да влезат во ЕУ дека ЕУ ќе им одговори доколку го направат својот дел“, рече Ринкевич за земјите од Западен Балкан.
„Не треба да бидеме изненадени ако видиме повеќе проруски демонстрации, акции, гласови во меѓународните организации или поддршка“, додаде тој.
Според агенцијата, земјите од периферијата на ЕУ се незадоволни од бавното темпо на преговорите за пристапување во ЕУ. Растечките тензии меѓу Белград и Приштина, етничката поделба во Босна и Херцеговина станаа проблем за ЕУ, пишува Блумберг.
На 8 ноември, Европската комисија препорача Советот на ЕУ да започне преговори со Босна и Херцеговина, Молдавија и Украина за прием во заедницата, како и да и додели на Грузија статус на кандидат за пристапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…