(Видео) Израелските сили извршија рација во домовите на високи функционери на Хамас!
Израелските одбранбени сили извршија рација во домовите на високи функционери на Хамас во луксузниот кварт Римал во Газа и пронајдоа околу 35 тунели и големо количество оружје, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили.
„Борбените единици на Падобранската бригада, заедно со оклопниот корпус на ИДФ, борбениот инженерски корпус и воздухопловните сили, беа ангажирани во лоцирањето на терористите на Хамас во населбите Шеик Ејалин и Римал“, рече портпаролот, според Тајмс оф Израел.
Според него, за време на маневрите израелските сили откриле околу 35 тунели, пронашле различни видови оружје и ги елиминирале борците на Хамас.
Израелските сили, исто така, извршија рација во воен камп на Хамас и лоцираа складишта за муниција и седум ракетни фрлачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…