Албанија со највисоко ниво на емиграција на Балканот

t

Анкетата во која се опфатени околу 6.000 лица од Балканот покажала дека 31 отсто од Албанците планираат да ја напуштат земјата.

– Но, она што е многу битно е дека 18 отсто од нив веќе имаат планови и нашле начини да избегаат. Резултатите покажуваат дека емиграцијата во Албанија е поагресивна отколку во другите земји, бидејќи поголем процент од Албанците не сакаат да емигрираат привремено, туку трајно. Од албанските граѓани кои се подготвени да заминат, речиси 44 отсто сакаат трајно да емигрираат, што е највисоко ниво во регионот. Оние кои имаат намера да заминат генерално се во активната работна сила од 18-44 години, додека оние кои не сакаат да заминат доминираат во групата од 45 до 65 и повеќе години, се додава во анализата.

И покрај намалувањето од 2022 година, плановите за емиграција продолжуваат во регионот и главно во Албанија, претворајќи го феноменот на заминување во одржлив тренд. Анализата на РСС покажува дека таквиот тренд несомнено ќе ја продлабочи демографската криза, поради опасната комбинација на континуирана миграција и стареењето на населението.

Се оценува дека оваа ситуација условува поголем недостиг на работна сила, кој веќе се смета за „итен случај за Албанија“.

– Во Албанија, движечките фактори кои ја поттикнуваат емиграцијата се поврзани со економски причини и недоверба во институциите. Во исто време, се засилува проширувањето на семејните мрежи и бројот на оние кои можат да ги користат овие врски, што дополнително ја стимулира миграцијата. Од друга страна, миграциската тенденција на добро образованите испитаници неизбежно ги зајакнува проблемите со одливот на мозоци кои се веќе присутни во регионалните економии. Нивното отстранување води кон слаби перформанси во сите области и ерозија на одговорноста во земјата, се констатира во анализата.

Според деновиве објавените податоци на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, за периодот од 2011-2019 година вкупно 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата, односно речиси по 100 албански граѓани секој ден заминувале од земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…

Ѓоковиќ воодушевен од односот на албанските и…

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот…