(Фото) Ортакот на Александар Николоски се соочува со кривична пријава откако градежен работник загина во центарот на Скопје?
Почина градежниот работник кој беше повреден во несреќа при градежни работи на улицата “Пиринска”, во Скопје, потврди МВР.
На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде во 16.50 часот починал, информира МВР.
Како што објавивме претходно, се работи за вработен во компанијата БИСИ, кој починал откако се превртел багер. На местото на настанот интервенирале екипи на брзата помош и полицијата и работникот бил пренесен во болница, каде за жал починал.
Од компанијата не беа достапни за коментар за настанот.
Инаку, компанијата БИСИ е во сопственост на скопскиот бизнисмен и екс-функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски – Фреди, кој е неофицијален ортак на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Георгиевски претходно се поврзуваше со градбите на Водно на чекор до претседателската и премиерската вила, градба за која не се знае како добила одобрение за градење без да ги исполни законските услови.
Неофицијално компанијата и Георгиевски се соочуваат со кривична пријава за случајот во кој загина работник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…