Потврден идентитетот на планинарoт кој починал од срцев удар на Пелистер
„На 19.11.2023 година, во 12.30 часот, во СВР Битола било пријавено дека во близина на местото наречено Љубовница на Баба Планина било пронајдено починато лице.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Битола, при што било утврдено дека се работи за С. А. (76) од Скопје, кој бил дел од планинската група што се движела кон Пелистер.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицина помош во Битола. На местото на увидот била екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција“, соопшти МВР.
Сппоред последните информации, тој не бил сам, туку со група планинари, кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.
Надлежните велат дека станува збор за искусен планинар, а пријателите со кои бил први побарале помош. Тие се наоѓале на надморска висина од 2.000 метри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…