Опозицијата во Тетово ги подгрева верските чувства, порача Ковачевски за крстот на Попова Шапка
Три пораки упати премиерот Димитар Ковачевски во врска со 15-метарскиот крст на Попова Шапка.
Првата, како што рече, е дека политиката треба да ги тргне рацете од верата бидејќи сме секуларна држава и секој граѓанин има право да ја практикува верата која е негова.
„Нашата држава е докажана како мулиетничка и мултирелигиозна, во која се почитуваат сите права. Второ, се потврди она што и јас го зборувам во минатото, дека во државата постојат политичари, пред сѐ, мислам на опозицијата, која во моментот го води градот Тетово, кои во немање простор и проекти подгреваат национални и верски чувства на граѓаните. Повторувам, политиката мора да ги тргне рацете од верата“, порача Ковачевски.
Според него, сите спорови што произлегуваат во однос на градежни објекти, без исклучок, треба да бидат решавани во рамките на законот и во рамките на институциите почитувајќи ги секуларноста на државата и потребата од верско изразување.
„Сметам дека на државата ѝ требаат одлуки во однос на интегрирање во ЕУ, во спротивно ќе го гледаме она што се случуваше 11 години, кога единствено гледавме улични борби на Калето, каде што едни подигнуваа конструкција за верски објект, а други го напаѓаа објектот. Тоа не ни треба“, рече Ковачевски од Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…