Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ гласаше за дневниот ред по што ќе се менува собранискиот Деловник – се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент

t

Се подготвува шверцерско протуркување на измените на собранискиот Деловник со кои сите наредни законски решенија ќе се носат по речиси истата процедура како процедурата со Европско знаменце, односно по скратена постапка.

Пред малку пратеникот на и претседател на Левица побара точката за измена на собранискиот Деловник да биде тргната од процедура, но сите пратеници и од власта и од опозицијата гласаа против.

Вкупно 82 пратеника гласаа против што значи дека денеска ќе бидат донесени измените на Деловникот. Ова уште еднаш покажува дека ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се во тесна соработка и имаат заеднички интерес, а соогласно измените во Деловникот тој интерес е едноумие.

Претходно во гостувањето во Инфомакс, Апасиев изјави „Понудената промена на Деловникот која власта и опозицијата сакаат насилно да ја протуркаат во Собрание е крајно штетна и опасна, ги претвора пратениците во чиновници, а се воведува двојазичност во Собранието и одиме кон дводомен парламент“.

Апасиев констатираше дека доколку се спроведат вакви измени во деловникот, пратениците нема да имаат никаква политичка моќ.

Новиот Деловник предвидува да бидам краток и јасен за пунликата, озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце. Затоа мораме да бидеме со Борис во Собрание.

Со ваквите одредви, практично секој закон ќе биде донесен со ЕУ знаменце, амандманите нема да се разгледуваат, а филибастерингот како демократска алатка на опозицијата нема повеќе да постои, додаде лидерот на Левица.

И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива дуот на демократијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…