Широката коалиција СДС-ДПМНЕ ја убија демократијата: Изгласани измените на Деловникот за работа на Собранието!
Со 83 гласа ЗА и 2 гласа ПРОТИВ, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска здружено ги донесоа измените на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
На седницата се случуваше вистински хаос откако пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов се обидоа да спречат носење на штетните измени на Деловникот со предизвикување на материјална штета во пленарната сала и одолговлекување на процесот.
– Новиот Деловник предвидува озлогласеното ЕУ-знаменце во иднина ќе биде за сите пратеници, џабе имате и 10 и 20 пратеници нема да можат да го блокираат Собранието. Собранието станува фабрика за закони, редовната постапка ќе биде како сегашната постапка со ЕУ-знаменце.
И 500 и 1000 амандмани да поднесеш ништо, тоа ќе значи џабе имаш опозиција, штанцање на сите закони. Ние блокиравме првиот пат кога сакаа да работат од дома, потоа личните карти со етничка припадност, платите на судиите… Многу штетни закони кои ние ги блокиравме во иднина нема да може да се блокираат. Пратениците се претвораат во чиновници, се убива духот на демократијата, нагласи Апасиев претходно во гостување во Инфомакс.
За повеќе детали во врска со Деловникот и денешните настани во Собранието следете ги денешните Тешки муабети заедно со пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…