Косовските специјалци повторно отстранија транспарент „Ова е Србија“
Припадниците на специјалната единица на косовската полиција вечерва повторно го тргнаа транспарентот со натпис „Ова е Србија“ од пешачкиот мост над автопатот Косовска Митровица – Рашка во градот Сочаница, кај Лепосавиќ, јавува репортерот на Косово онлајн.
Ова е втор пат за еден месец припадниците на специјалната полициска единица да ја тргнат оваа порака.
И пред две недели, транспарентот беше отстранет во текот на ноќта, но мештаните набрзо поставија нов, кој вечерва беше отстранет.
На видеата од социјалните мрежи се гледаат припадници на специјалните полициски единици како собираат транспарент пред паркиран џип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…