Црногорски медиуми: Столтенберг ја понижи Црна Гора, Спајиќ оди во Скопје

t

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, денеска ќе замине во дводневна работна посета на Скопје, каде се одржува средбата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и лидерите на земјите членки од регионот.

Столтенберг, кој вообичаено е во повеќедневна посета на Западен Балкан, ги посети Босна и Херцеговина и Србија пред посетата на С. Македонија, а ќе ја заокружи посетата во Скопје.

– Симптоматично е што Столтенберг не се ни осврна на Црна Гора, која е членка на НАТО од 2017 година. Уште поголемо понижување за една земја е што премиерот на Црна Гора патува во друга земја за да се сретне со Столтенберг, кој на дипломатски јазик ја понижи Црна Гора. Ова е само уште еден доказ колку лидерите на НАТО алијансата, но и претседателите на другите земји не ценат како општество – пишува „Борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Ислам Абази нема повторно да се кандидира…

На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф…

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…