Денеска се празнува Преподобна Матрона Цариградска
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир Свети Васијан во Цариград. Н
о бидејќи мажот ѝ непрекинато трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, па беше во Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград.
Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведено лице осомничено за двете убиства во…
Едно лице осомничено за двете убиства во…
Хезболах се подготвува за нов судир: Иран…
Либанскиот Хезболах ја искористил паузата во големите…
НЕОФИЦИЈАЛНО ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛОЗОВО, АЛЕКСАНДАР…
Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во…
Пукна балонот – Избришани 480 милијарди долари:…
Кинескиот технолошки пазар се соочува со остар…
Шилегов до раководството на СДСМ: Компарирање на…
Членот на СДСМ кој изразува незадоволство од…