Ковачевски: Нашата домашна задача е целосно интегрирање во ЕУ

t

Нашата домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО Алијансата. Членството во ЕУ е наша цел и ние немаме друга алтерантива, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот.

Ковачевски информираше дека со соговорниците разговарале за актуелните прашања за регионот и за посветеноста на Алијанса кон неговата стабилност и безбедност.

Како што посочи, на состанокот разговарале за предизвиците кои се поврзани со регионалната безбедност, меѓутоа и со сајбер безбедноста, како прашање со кое се засегнати сите од регионот.

-Разговаравме и за безбедноста на регионот во детали. Регионалната безбедност ја обезбедуваме во целост преку земјите членки на НАТО. Оваа безбедност и стабилност на земјата и на регионот со себе носи и економски просперитет за кој што исто така разговаравме со денешните соговорници, рече Ковачевски.

Според премиерот, инвеститорите од европските земји и од САД во Македонија и во регионот препознаваат место каде можат да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобро платени работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

-Ова е факт и тоа е овозможено затоа што земјите од регионот вклучително и Македонија како членки на НАТО се гарант на безбедноста на овој дел од светот. Македонија и земјите од регионот кои се покажаа како ценети сојузници од доверба, заслужуваат да бидат дел и од ЕУ и ќе го искористиме целосно својот потенцијал за економски напредок на државите. Тоа ќе значи зголемување на животниот стандард на граѓаните, унапредување на демократијата и унапредување на владеење на правото, додаде Ковачевски.

Тој напомена дека Македонија е пример за соживот и за мирно решавање на спорови преку дијалог, преку реформирање и практицирање на демократијата и инклузивност во носењето на одлуки.

-Како сојузници, како демократи, како прогресивни лидери градиме еден нов регион и постојано го унапредуваме. Тоа дефинитивно може да се каже и за Македонија која одамна е пример за соживот, за мирно решавање на спорови преку дијалог, преку реформирање и практицирање на демократија и инклузивност во носењето на одлуките, рече Ковачевски.

Токму затоа, како што истакна, продолжувањето на евроинтеграцијата на Македонија е од исклучително големо значење.

-Нашата домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО Алијансата. Членството во ЕУ е наша цел и ние немаме друга алтерантива. Дали ке бидеме таму набрзо, сега зависи само и единствено од нас и одлуките кои ние треба да ги донесеме во нашето Собрание, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…