Скопјанка сакала брзо да дојде до германска виза за синот, но наседнала на измамам – останал и без пари!
Многу македонски граѓани мечтаат да заминат на работата во Германија, а со цел да дојдат до потребните документи се подготвени на многу нешта.
Но во таа желба многупати остануваат измамени, а за еден таков случај информираше и МВР:
-На 20.11.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство.
Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија.
Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи.
Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…