ВАЖИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИСЦЕЛИТЕЛИ: Денес за здравје кажете ја оваа молитва, го празнуваме Свети Нектариј

t

Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселува во Константинопол (Истанбул), каде што почнува да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселува на островот Киос, каде што наредните години го надополнува своето образование. Бидејќи беше од сиромашно семејство, кога сакаше да замине од својот дом, немаше пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакаше да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можеше воопшто да се помрдне. Дојдоа најдобрите мајстори, но не можеа да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седеше спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фати погледот, сфати зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пушти свети Нектариј да се качи, во тој час бродот исплови. Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонаши и го доби името Нектариј. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напиша многу книги и даде многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминува во Александрија, Египет, каде што е ракоположен за јеромонах и служи во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година е назначен за Митрополит на Пентаполи од Патријархот Софрониј.

Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болницата во Атина. Кога го пренесуваа од Атина во Егина, мирото непрестајно течеше од неговото чело. Сите беа вчудоневидени. Преблагиот мирис најпрвин се разлеа низ целата болница, па потоа и низ цела Егина. Во болницата, кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Во истиот момент кога тој се допре до кошулата на свети Нектариј, се излекува. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. За Свететител е прогласен на 20 април 1961 година. Секој 22 ноември мноштво народ доаѓа во манастирот на свети Нектариј за да се поклони на неговите мошти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА вечерва кај скопската обиколница

Тешк сообраќајна несреќа вечерва се случила кај…

(Видео) Ставете појаси, спремете коленца, „Тешки Мубаети“…

Драги наши читатели и гледачи, наскоро почнуваме…

Петровска до Мицкоски: Претходно ме клеветевте, сега…

Пишува Славјанка Петровска на социјалните мрежи: Ме…

Борел: Операцијата на Украина во правец на…

Офанзивната операција на украинската армија во правец…

НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА…

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка…