Уапсенaта вчера е Розмарин од УЈП која измамувала луѓе дека ќе добијат субвенции и државна помош
Вчера во Битола беше уапсена 44-годишната Розмарин Стојковска по која имало распишана потерница за издржување на затворска казна од 8 и пол години. Стојковска е поранешна вработена во УЈП во Скопје која ги злоупотребувала податоците на даночните обврзници со што успевала да ги измами за да им земе пари како противуслуга за добивање на државна помош или државни субвенции за кредит.
Успевала да измами и луѓе на кои им земала пари нудејќи им наводна помош за добивање на инвалидска пензија или помош за ширење на бизнисот.
МВР потврди дека е уапсена бегалката од законот по што е префрлена на издржување на казната во Идризово. Најдена е во живеалиште во Битола. -При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела, објавија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување…
Во рамки на активностите за поголема даночна…
УЈП со рекордна наплата на даноци и…
Во првите шест месеци од 2026 година…
УЈП ја почнува третата фаза од проектот…
Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…
УЈП: Над 860 илјади граѓани добија годишни…
Во законскиот рок - 30 април 2026…
УЈП: Истече рокот за даноците за 2025…
Управата за јавни приходи потсетува дека на…