Проектот „Q“ е најголемата закана за човештвото: Пред Сем Алтман да биде отпуштен компанијата добила стравично предупредување
Стравично предупредување добила компанијата ОпенАИ која го развива ЧатГПТ и тоа четири дена пред да биде отпуштен извршниот директор Сем Алтман – чие враќање се очекува за брзо време. Драмолетката околу познатата светска компанија и вештачката интелигенција добива нова разврска, а овојпат се работи за „закана кон човештвото“.
Ројтерс утринава објави дека неколку истражувачи на ОпенАИ напишале писмо до бордот на директори на компанијата во кое предупредуваат на моќен пробив во вештачката интелигенција (ВИ), пробив за кој велат дека може да го загрози човештвото, изјавија за Ројтерс две лица запознаени со ова прашање.
Писмото за кое се смета дека во име на вработените го испратила заменик директорката Мира Мурати изразува загриженост за новиот проект на компанијата наречен едноставно „Q“. Вработените сметаат дека проектот би можел да доведе до создавање на општата вештачка интелигенција, односно до свесна машина и дека веќе тоа го насетуваат медиумите. Оваа интелигенција, накратко наречена АГИ, како автономна би можела да ги надмине луѓето во најголем дел од нивните способности.
Неко истражувачи се загрижени дека АГИ ќе го надмине „математичкото расудување“ и ќе може да разбира, самата да учи, да генерализира исто како човек.
Вработените не ги навеле детално опасностите кои демнат од АГИ. Но, долги години меѓу експертите во индустријата се дебатира за можност високоинтелигентните машини да одлучат дека уништувањето на човештвото е во нивен интерес.
Во писмото исто така вработените посочиле на работата на проектот „ВИ Научник“, каде тимови ги комбинираат кодовите на постоечките модели во еден „генерален код“.
Алтман ги предводеше сите овие напори, нешта кои треба да го направат ЧатГПТ една од најбрзо растечките софтверски апликации во историјата и да ги привлече инвестициите на ривалскиот Мајкрософт. На ЧатГПТ му се потребни компјутерските ресурси на Мајкрософт за да ги достигне своите зацртани цели.
Еден ден подоцна, одборот го отпушти Алтман. Вчера компанијата повторно го вработи, а остана нејасно дали пучот е длабоко внатрешен или само расправија меѓу некои од извршните директори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Русија издаде налог за апсење на правнукот…
Русија го бара правнукот на Кенеди оти…
Седум активни пожари низ Македонија
На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Нови седум осомничени за транспорт на марихуана…
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари…
Клековски повика на празнење на базените поради…
Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…