Објавено на:

Шолц му се обрати на Путин: Време е да заврши војната!

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека на виртуелниот самит на лидерите на Г20 го повикал рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине специјалната воена операција и да ги повлече војниците.


„Претседателот на Русија денеска учествуваше на видео-конференција на лидерите на земјите од Г-20, за прв пат од почетокот на инвазијата на Украина. Апелирав до претседателот Путин да ја запре инвазијата на Украина и да ги повлече силите од територијата на Украина за конечно да заврши војната“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со италијанската премиерка Џорџа Мелони.


Тој, исто така, додаде дека Германија се залага за „траен и праведен мир“ во Украина врз основа на Повелбата на ОН. Дополнително, според Шолц, Германија и Италија ја потврдуваат својата подготвеност да ја поддржат Украина онолку колку што е потребно.
Потсетуваме, Путин на виртуелниот самит на Г20 рече дека Русија никогаш не се откажала од мировните преговори со Украина, додека Киев јавно објави дека се повлекува од преговарачкиот процес. Во Украина беше потпишан претседателски декрет со кој се забрануваат преговори со Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирски: Ситуацијата во регионот Харков е комплицирана,…

– Вооружените сили на Украина се во…

(Видео) 19 лица, меѓу кои и деца…

Украинските сили го гранатираа Белгород, а од…

Британија за ненадејната руска офанзива: „Ова е…

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон…

Германските политичари се сѐ почесто жртви на…

По нападот врз европратеникот на СПД Матијас…

Генералштаб на Украина: Руските сили ги напаѓаат…

Руските сили претходниот ден ги нападнаа речиси…